Шекеринска и Димитров со Хан во Минхен

Еврокомесарот Јоханес Хан и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров

Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на Минхенската безбедносна конференција се сретнаа со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

Министерката Шекеринска истакна дека Македонија е силно посветена на решавање на проблемите и предизвиците кои се на патот на членството во ЕУ и НАТО-Алијансата. Таа додала дека Планот 3-6-9 се реализира со силно темпо и дека Македонија и Владата покажале нов пристап во меѓусоседската политика.

​На средбата комесарот Хан ги поздравил реформските напори на Владата на и изразил подготвеност Европската Унија да ја продолжи поддршката за Република Македонија во реализација на зацртаните реформи.