Хакери украле 6 милиони долари во напад на системот „СВИФТ“ во Русија

Илустрација.

Хакери украле шест милиони долари (339,5 милиони рубљи) во напад на меѓународните платежни системи „СВИФТ“ во Русија минатата година, објави денеска Руската централна банка.

Централната банка соопшти, цитира ТАСС, дека е испратена информација за „еден успешен напад врз операторот на „СВИФТ“ системот што резултираше со кражба на 339,5 милиони рубљи.

Системите се користат за трансфер на трилиони долари дневно, изјави портпаролката за „СВИФТ“, одбивајќи да го коментира случајот.

„СВИФТ“ кон крајот на минатата година забележа дека хакерите користат зголемени софистицирани методи.

Во декември хакери се обидоа да украдат 55 милиони рубљи од руската државна банка “Глобекс“ користејќи го системот „СВИФТ“, а исто така беа украдени 81 милиони долари од Банката на Бангладеш во 2016 година.