Србија нема да го признае Косово, одговор на српските власти до Габриел

Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел и косовскиот премиер Рамуш Харадинај во Приштина, 14 февруари, 2018.

Србија нема да го признае Косово, вели министерот за одбрана на Србија Александар Вулин, како одговор на изјавата на германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дека Србија мора да го признае Косово за да се придружи на Европската унија.

„Кого членството во ЕУ навистина би се мерело само на основа на успехот во владеењето на правото или медиумските слободи, Србија веројатно одамна би била членка на ЕУ. Но, нив изгледа ги интересира само една работа – да го признаеме Косово и ништо друго. Србија нема да го признае Косово, а посебно нема да го признае за да биде членка на ЕУ“, вели Вулин, пренесува Танјуг.

За изјавата на германскиот министер се огласи и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој за Инсајдер вели дека Габриел е тој што треба да ја прифати реалноста, а на како што тој рекол дека Србија да треба ја прифати.

„А реалноста е дека сегашната влада на Германијае на заминување“, вели Дачиќ.

Германскиот министер во средата во Приштина рече дека на властите во Србија им порачал дека Србија мора да ја прифати независноста на Косово за да стане членка на ЕУ.