Караџовски - Нема список за масовни разрешувања на судии

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски вели дека не постои список за масовни разрешувања на судии. Тој вели дека судии и претседатели на судови го барале да прашаат дали се на списокот за разрешувања, по веста во медиуми дека ќе разгледуваат претставки за разрешување.

Караџовски изјави дека до Судскиот совет доставено 219 претставки и поплаки. Од нив во пет предмети се бара да се утврди одговорност на судии, но не прецизираше за колку судии станува збор. Останатите се поплаки и жалби од граѓани и од правни лица. Судскиот совет ќе одлучува за поплаки и претставки кои не се завршени од Советот за утврдување на факти за одговорност на судии кој е укинат. Судскиот совет денеска не одлучуваше, првин треба да се формираат комисии кои треба да истражат дали има основ судии да бидат разрешени.