Изгаснат пожарот на Зелениот пазар во Скопје

Архивска фотографија - Зелено пазарче од птичја перспектива.

Изгаснат е пожарот на Зелен пазар во Скопје, потврдуваат од противпожарна бригада на Град Скопје за МИА. Биле опожарени три тезги, од кои една целосно изгорена, а на другите две им е опожарена кровната конструкција. Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески вели дека пожарот е изгаснат навреме, а во гаснењето интервенирале со четири противпожарни возила. Засега не се познати причините на пожарот.