Столтенберг повика на флексибилност во преговорите за името

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска повика на флексибилност во преговорите за името на Македонија. Тој на прес-конференција во Брисел рече дека ќе биде многу внимaтелен за да не шпекулира за можното решение.

„Се надевам дека наскоро ќе се најде решение за името, што ќе го реши проблемот што постои долго меѓу поранешната југословенска Република Македонија и Грција, и конечно БЈРМ да стане членка на Алијансата. Затоа ги охрабрувам двете страни да бидат флексибилни и да најдат решение. Ова го разговарав овде и со грчкиот министер за одбрана“, изјави Столтенберг.

НАТО во 2008-та на Самитот во Букурешт ја покани Македонија да стане членка на Алијансата штом ќе се реши прашањето за името.