„Трансверзалец“: Доставени информации за загинатите планинари

Земјен пат кој води до врвот Кајмакчалан на планината Ниџе.

Планинарското друштво „Трансверзалец“ ги доставило сите потребни информации до соодветните институции во врска со загинувањето на Калина Велевска и Александар Миновски, објави планинарското друштво на социјалните мрежи наведувајќи дека со изјава ќе излезе в петок по завршувањето на истрагата и објавувањето на извештајот. Понатаму тие изразија жалење и сочувство до семејствата за загинатите планинари.

Во врска со случајот, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија соопшти дека формирале посебна комисија од нивни членови и експерти која ќе ги анализира околностите под кои загинаа двајцата планинари.

Претходно, семејствата на загинатите преку писмо изразија сомневање во професионалноста на организаторите на турата и бараа одговорност. Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе изминатиот викенд. Тие беа погребани денеска.