Инцидент пред американската Агенција за национална безбедност

Архивска фотографија-зградата на Националната агенција за безбедност во Мериленд, САД

Три лица се повредени, а едно е приведено во близина на седиштето на американската Националната агенција за безбедност во Мериленд, јавија локалните медиуми. Според извештаите во околината можело да се види црно спортско возило СУВ кое удрило во бетонска преграда. На предниот прозорец биле видливи испукани куршуми, а се активирале и воздушните перничиња. Од Агенцијата подоцна соопштија дека ситуацијата на местото на настанот е под контрола. Сообраќајот во околината е блокиран, а во моментов не се познати други детали.