Тилерсон: Иран треба да се повлече од Сирија

Јордан-Државниот секретар на САД зборува за време на прес конференцијата во Аман,14.02.2018

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон го повтори барањето на САД до Иран да се повлече од Сирија, велејќи дека военото присуство таму го дестабилизира регионот. На заедничката прес-конференцијата со министерот за надворешни работи на Јордан Ајман Сафади, денеска во Аман, Тилерсон рече дека Иран треба воено да се повлече од Сирија и изрази надеж дека ќе продолжат мировните разговори во Женева.

Ваквите изјави на државниот секретар на САД следуваат по серијата израелски воздушни напади кои се случија на десетти февруари, а кои беа насочени кон ирански и сириски цели. За време на офанзивата беше урнат израелски воен авион. Нападите на Израел следуваа откако војската соопшти дека иранско беспилотно летало кое ја поминувало сириско израелската граница.

Сирија негираше дека нејзини беспилотни летала влегле во израелскиот воздушен простор. Техеран пак ја отфрли израелската верзија на настанот нарекувајќи ја смешна и лажна и наведувајќи дека Сирија има право да се брани како одговор на нападите.