Холандскиот шеф на дипломатијата поднесе оставка

Холандскиот шеф на дипломатијата Халбе Зијлстра поднесе оставка ден откако призна дека лажел дека лично чул како рускиот претседател Владимир Путин зборува за Голема Русија во 2006 година. Зијлстра претходно тврдеше дека лично присуствувал на состанок на кој Путин рекол дека ја разгледува можноста Белорусија, Украина и Балтичките земји да бидат дел од Голема Русија.Тој сега призна дека лично не присуствувал на состанокот, туку дека приказната ја чул од некој друг. Истакна дека сметал дека се работи за работа која е геополитички многу важна и дека затоа говорел јавно, штитејќи го својот извор.