Ѕанакопулос: Топката е на теренот на нашите соседи

Архива: Знамиња на Грција, Македонија и Европска унија.

Топката во моментов е на теренот на нашите соседи, кои ќе треба и во пракса да покажат дека е промената реториката на Владата што може да доведе до опипливи резултати во односите на двете земји, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.

Тој во врска со различните позиции на Скопје и Атина во однос на промената на македонскиот Устав, што грчкиот премиер Алексис Ципрас го спомена како предуслов, а македонскиот премиер Зоран Заев отфрли можност за измени, Ѕанакопулос за радиото Алфа 989 рече дека тоа е предмет на преговорите и уште еднаш ги повтори грчките позиции.

„Многу добро знаете дека едно заемно прифатливо решение, токму за да биде заемно, потребни се двајца. Потребни се и двете страни. Во оваа смисла ние многу јасно ги имаме кажано нашите позиции. Говориме за сложено име, кое ќе важи за сите и ќе биде за севкупна употреба. Тоа значи дека не може да биде поинаку од промена на уставното име на соседот и ова сметаме дека е рамката во која би можело да се најде токму ова заемно прифатливо решение“, рече Ѕанакопулос, пренесува МИА.