Одложено судењето за предметот на СЈО „Труст“

Основен суд Скопје - 1 Скопје.

Судењето за случајот на СЈО „Труст“ е одложено за 20 февруари поради отсуство на еден од адвокатите на обвинетите. Во предметот првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан, како и две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на ЕЛЕМ.

На денешното рочиште во Кривичниот суд требаше да бидат презентирани доказите на одбраната, по што се очекуваат завршните зборови и пресудата.

Според обвинението, осомничените со фалсификувани документи местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.