Мицкоски во посета на Словенија

Архива: Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по посетата на Вашингтон, почнува неколкудневна агенда со посети на Словенија, Хрватска и Србија.

Во текот на вчерашниот ден Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски остварија средба со лидерот на словенечката опозиција Јанез Јанша, со кого разговарале за можностите за меѓупартиска соработка, актуелната политичка состојба и стратешките интереси на државата за членството во ЕУ и НАТО.

Мицкоски истакна дека Македонија мора да оствари реален напредок во поглед на европските интеграции, притоа потребно е да престане праксата на гол популизам на владата без суштински реформи во клучните области. Соговорниците позитивно ги оценија меѓупартиските односи, и изразија подготвеност за нивно дополнително интензивирање во периодот кој престои