СЈО демантира - немало обид за атентат врз Фетаи

Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи.

Од Специјалното јавно обвинителство преку соопштение ги демантираат написите на некои медиуми, според кои на 7 февруари имало инцидент поврзан со обвинителката Фатиме Фетаи и шпекулациите дека возаднината на инцидентот бил обид за атентат врз неа. ОД СЈО велат дека тој ден обвинителката ниту била во Боговиње, ниту пак тој настан има каква било поврзаност со Фетаи.

Некои медиуми на албански јазикпретходно пишуваа дека покрај домот на обвинителката во Боговиње имало сомнителни возила, кои биле испратени да ја следат Фетаи и да подготват терен за нејзин атентат.