Роахани повика на единство

Иранскиот претседател Хасан Рохани .

Иранскиот претседател Хасан Рохани повика на единство на политичката сцена во земјата, во својот говор на одбележувањето на 39 годишнината од Исламската револуција.

Стотици илјади луѓе присуствуваа на денешните митинзите организирани од владата во Техеран и во другите градови, извикувајќи слогани против САД и Израел, а беа запалени и знамиња на двете земји.

Рохани пред граѓаните рече дека бара на 40-годишнината од револуцијата, следната година, да има единство. Тој ги повика сите „конзервативци, реформисти, умерените, сите партии и сите луѓе да дојдат и да се заедно“.

Денеска се одбележува денот кога во 1979 година, следбениците на ајатолахот Рухолах Хомеини го собориле монархот Шах Реза Пахлави.