Американскиот претседател Доналд Трамп упати порака со солидарност со луѓето подложени на „угнетување и верско прогонство“ низ целиот свет. Зборувајќи на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, Трамп денеска рече дека Иран е една од земјите каде што граѓаните страдаат од рацете на власта.
„Знаеме дека милиони луѓе во Иран, Куба, Венецуела, Северна Кореја и други земји страдаат под репресивни и брутални режими“, рече Трамп.
На настанот организиран во хотел во главниот град на САД присуствуваа бројни високи американски политичари и странски гости. Сите американски претседатели од Двајт Ајзенхауер се обраќаат на собирот.