Над 100 сириски владини борци загинати во напади од коалицијата предводена од САД

Архивска фотографија: Сириски владини сили во Деир ал-Зор

Во воздушните и копнени напади на коалицијата предводена од САД во Сирија биле убиени повеќе од 100 владини борци, по „непровоцираниот напад“ врз седиштето на Сириските демократски сили кои се американски сојузник, информира американски претставни. Сириските владини сили броеле 500 луѓе, поддржани од артилерија и тенкови, вели американскиот претставник кој инсистира на анонимност. Нападнатата база на Сириските демократски сили се наоѓа во провинцијата Деие ал-Зор.