Десетици обвинети за учество во мрежа за сајбер криминал

илустрација

Американското Министерство за правда соопшти дека обвини 36 луѓе за нивна вклученост во глобален сајбер криминал. Притоа биле украдени над 350 милиони долари од финансиски институции, компании и поединци. Во соопштението се наведува дека властите упасиле 13 лица од САД и шестмина од други земји: Австралија, Британија, Франција, Италија, Косово и Србија. Оваа организација користела онлајн форум за продажба и купување преку украдени идентитети со кредитни картички и банкарски информации.