Постигнат договор за формирање влада во Германија

Архива: Германската канцеларка Ангела Меркел.

Христијанските демократи на германската канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) и централно-левичарските социјалдемократи (СПД) постигнаа договор за коалиција, со што заврши повеќе од четиримесечната политичка несигурност.

Конзервативната ЦДУ, сестринската Христијанска социјална унија (ЦСУ) со седиште во Баварија и СПД успеаја да ги надминат главните пречки за постигнување договор, по 24-часовни преговори.

„Договорот конечно е тука“, соопшти денеска СПД, додека политичарот од ЦСУ Александар Добриндт изјави: „мислам дека е време, имаме изгледи за нова влада во Германија. Затоа ова е добар ден.“

Според договорот СПД треба да контролира шест министерства, вклучително за финансии, надворешни работи. Министер за надцворешни работи ќе биде лидерот на СПД и поранешен претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц.