Во март средба на Ердоган со претставници на ЕУ

Знамиња на ЕУ и Турција.

Високи претставници на Европската унија ќе се состанат со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 26 март во Бугарија на разговори за односите меѓу ЕУ и Турција и за регионални прашања.

Домаќини на вечерата на која ќе присуствува Ердоган ќе бидат бугарскиот премиер Бојко Борисов, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

Во поканата на ЕУ испратена до Ердоган се вели дека ова „ќе биде добра прилика да го процениме заедничкиот интерес и неодамнешните случувања во вашата држава, меѓу кои и областа на владеење на правото и фундаменталните слободи остануваат клучни за изградба и перспектива на односите меѓу ЕУ иТурција.“