Ердоган: САД работат против интересите на Турција во северна Сирија

Архива: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

САД работат против интересите на Турција, Иран и можеби на Русија во северна Русија, каде што испраќаат воени пратки во регионот контролиран од курдските сили, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој потенцира дека нема да им верува на САД ако изјават дека ќе испратат 5.000 камиони и 2.000 транспортни авиони со оружје наменети за борбата против Исламската држава.

Во меѓувреме и турскиот вицепремиер Бекир Боздад изјави дека Курдите од единиците Сили за заштита на народот и од партијата Демократски сојуз ја гранатираат турската територија од сирискиот регион Африн, со оружје кое им било доставено од САД во борбата против терористичката организација Исламска држава (ИД).

Според него САД ги вооружувале Силите за заштита на народот во борбата против ИД, а Анкара го предупредувала Вашингтон дека тоа оружје подоцна може да биде искористено против Турција.