Полицијата откри петмина мигранти кај селото Речица

Македонска полиција, МВР.

Полицијата вчера открила петмина мигранти, тројца Курди и двајца Сиријци, во возило управувано од лице од Скопје во близина на селото Речица, соопшти МВР додавајќи дека на возачот му е одреден триесетдневен притвор.

МВР во однос на случајот наведува дека во близина на селото Речица полициски службеници од Полициската станица Белановце при контрола на патничкото возило на 36-годишниот (И.Б.) од Скопје, пронашле тројца Курди и двајца Сиријци, кои заедно со возачот биле приведени, а Основниот суд Скопје на И.Б. му одредил притвор од 30 дена.