Трамп: Целосно е оправдан меморандумот на Републиканците

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, тврди дека е потполно оправдан меморандумот на Републиканците во Конгресот, со кој се тврди дека ФБИ ги злоупотребил своите овластувања за надгледување за време на истрагата за можните врски на Трамп со Русија за време на претседателските избори. Во пораката на Твитер Трамп напиша: "Овој меморандум целосно го оправдува Трамп во истрагата. Но, руското ловење на вештерки продолжува и натаму“. Трамп твитна дека не постои опструкција од страна на неговата администрација за блокирање на истрагата на ФБИ.

Сепак, меморандумот вклучува и откритија кои би можеле да го комплицираат секој обид на Трамп и неговите сојузници да го опструираат специјалниот адвокат на Одделот за правда, Роберт Милер, кој го испитува наводното мешање на Кремљ во претседателските избори во 2016 година. ФБИ на 31 јануари јавно се спротивстави на објавувањето на меморандумот, велејќи дека тој содржи "материјални пропусти на факти кои влијаат на точността на меморандумот".

Демократите сметаат дека меморандумот е селективно редефиниран сет на републикански поенти чија цел е да го одвлече вниманието од истрагата на комисијата во врска со мешањето на Русија на претседателските избори во 2016 година. Високи демократи во Конгресот предупредија дека Трамп може да предизвика "уставна криза" ако го употреби меморандумот како изговор за да го отпушти Милер.