Коѕијас му порачал на Нимиц дека не е надлежен да говори за грчките ставови

Јасно и строго му потенцирав дека не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа на погрешен начин, соопштува шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во однос на тоа што му кажал и што точно му порачал на Нимиц во телефонскиот разговор, по враќањето од Скопје.

МИА јавува дека преку соопштение испратено до медиумите доцна синоќа, министерот за надворешни работи на Грција ги коментирал последните случувања за решавање на прашањето за името.

“Имав долг разговор со личниот претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации, со господинот Нимиц, кој се врати од Скопје. Јасно и строго му потенцирав дека не е надлежен да говори која е политиката на Атина, ниту да ја опишува, и тоа на погрешен начин”, соопштува Никос Коѕијас и додава дека преговорите треба да се водат врз основа на она што било договорено во Давос, но и врз основа на ставовите што се поклопуваат.

Се додава дека врз основа на брифингот што го имал за разговорите што ги имаше господинот Нимиц во Скопје, разјаснив дека преговорите не можат да се водат поинаку освен во продолжение на договореното во Давос.