Шекеринска - Харадинај: Одлична соработката меѓу Македонија и Косово

Косово-Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за Безбедносните сили на Косово Рустем Бериша

Македонија и Косово се две пријателски земји, чии односи се базираат на меѓусебно почитување, доверба и отвореност за соработка, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Шекеринска, која престојува во еднодневна официјална посета на Косово, на средбата истакнала дека Македонија цврсто верува оти добрососедските односи се вистинскиот пат кон развиен и просперитетен регион. Посочила дека заедничката седница на двете влади планирана за оваа година ќе ја зајакне и унапреди соработката меѓу Македонија и Косово.

Во рамки на посетата, како што соопшти Министерството за одбрана, Шекеринска во Приштина се сретна со министерот на Косовските безбедносни сили Рустем Бериша со кој констатирале дека билатералната соработка меѓу двете министерства е на највисоко ниво. Соработката, како што се наведува, е особено добра во областа на военото образование и изразија подготвеност таа да продолжи интензивно да се развива и во иднина.

Министерката за одбрана доцна попладне ќе се сретне и со командантот на КФОР, генерал – мајор Салваторе Кучи.