ИОМ: 90 загинати миграни на брегот на Либија

Архива: Мигранти чекаат да бидат спасени во Средоземното Море.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека за најмалку 90 луѓе се стравува дека се мртви, откако брод кој превезувал мигранти се превртел во Средоземното Море.

„Најмалку 90 мигранти е пријавено дека се удавиле, откако бродот се превртел ова утро на брегот на Либија“, се вели во денешното соопштение на ИОМ.

Двајца преживеани испливале на брегот, а еден бил спасен од рибарски брод, додава ИОМ. Според преживеаните повеќето од мигрантите биле од Пакистан.

Агенцијата постојано предупредува за екстремните опасни услови со кои се соочуваат мигрантите кои се обидуваат да стигнат до Европа преку таканаречената Медитеранска рута од Либија до Италија.