Петмина членови на ДИК побарале апанажа

Државната изборна комисија (ДИК)

Петмина досегашни членови на Државата изборна комисија побарале апанажа откако си поднесоа оставки. Меѓу нив се претседателот на Комисијата, Александар Чичаковски, Виолета Дума и Игор Милев кои беа членови од СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ, како и Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ.

Тоа значи дека тие ќе земаат апанажа една година бидејќи овој состав на Комисијата помина повеќе од две години, а сумата што ќе ја добиваат е колку нивната месечна плата, приближно илјада евра.

Членовите на ДИК барањата за апанажа ги поднеле до собраниската Комисија за избори и именувања

Осуммина членови на ДИК поднесоа оставки, а Собранието ги констатира по обвинувањата во јавноста за земање големи надоместоци за последните изборни циклуси.