Нимиц на разговори со македонскиот државен врв

Посредникот на ОН во разговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц во Скопје

Посредникот на ОН во разговорите за спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц денеска во Скопје, како што е најавено, ќе биде примен од претседателот Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и со претседателот на ДУИ Али Ахмети. Официјална изјава за посетата и ефектите од разговорите во Скопје медијаторот Нимиц, според МНР, ќе даде по денешната средба со министерот Никола Димитров. Нимиц вчера по пристигнувањето во Скопје изјави дека во Атина имал „добри средби“.