Протест пред Собрание: Нимиц да се повлече од преговорите

Архивска фотографија - Граѓани протестира пред Собранието против Законот за јазици и промена на името.

Пред Собранието протестираат граѓани кои, како што велат, се противат на промена на името на Македонија. Протестот доаѓа во време кога во посета на земјата е медијаторот Метју Нимиц, кој посредува во спорот меѓу Македонија и Грција за името. Организаторите на протестот му порачаа на Нимиц да се повлече од посредничката позиција, оти сметаат дека спорот за името е апсурден и наметнат. Учесниците на протестот протестираа и против законот за јазиците. На протестот може да се забележат македонски знамиња и знамиња со сонцето од Вергина, се пеат патриотски песни, а има и транспаренти со кое граѓани порачуваат дека не сакаат промена на името на државата.