Средба Џоли - Столтенберг во Брисел

Анџелина Џоли, која е специјален претставник на ОН за бегалци и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли, која е специјален претставник на ОН за бегалци, рече дека користењето силување како „оружје за војување“ не смее да биде прифатливо и побара од НАТО да преземе водство во одвраќањето од злосторства врз жените во конфликтните подрачја. Таа ова го изјави денеска на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по разговорите во седиштето на Алијансата во Брисел.

„Користењето на силувањата како оружје за војување се смета за неизбежна карактеристика во конфликтите како помало злосторство и проблем кој е премногу тежок или премногу непријатен за општествата да се справат со него“, рече таа.

Џоли и Столтенберг најавија дека може да го посетат Авганистан за да го разгледаат прашањето за сексуална злоупотреба на момчиња и девојчиња. Џоли беше назначена за специјален пратеник за бегалци на ОН во 2012.