Кривичниот суд го одобри обвинението за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тревник“, во кој првообвинет е Драган Павловиќ - Латас за бесправна градба на три куќи во Зелениково.
Од Судот соопштуваат дека судијата кој го оценувал обвинителниот акт на СЈО по овој предмет, донел решение со кое ги одбива приговорите и го одобрува обвинителниот акт во целост.
По одобрениот обвинителен акт формиран е кривичен предмет, а понатаму тој треба да биде распределен преку електронска распределба.
Латас е осомничен во уште еден предмет на СЈО - „Тотал“ за даночно затајување.