Шефот на руските разузнавачи се сретнал со американски претставници

Шефот на руската разузнавачка агенција СВР Сергеј Наришкин

Шефот на руската разузнавачка агенција СВР Сергеј Наришкин које под американски санкции во минатата недела во Вашингтон се сретнал со американски разузнавачки претставници, јави новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на американски извори. Се прецизира дека Наришкин се консултирал со директорот на американското разузнавање Ден Коатс и со други претставници. Руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи делови од интервјуто на рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов, исто така наведува дека имало таква средба при што се разговарало за „заедничката борба против тероризмот“. ЦИА одби да ги коментира ваквите наводи.