Проблеми на Конференцијата за Сирија во Сочи

Конференцијата за решавање на седумгодишната граѓанска војна во Сирија, која се одржува во руското одморалиште Сочи

Конференцијата за решавање на седумгодишната граѓанска војна во Сирија, која се одржува во руското одморалиште Сочи, денеска беше нарушена, откако рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров беше прекинуван, а опозициската делегација одби да го напушти аеродромот и да присуствува на конференцијата откако пристигна во Сочи.

Русија е домаќин на Сирискиот конгрес за национален дијалог, со надеж дека ќе поттикне преговори за нов устав на Сирија. Разговорите беа бојкотирани од раководството на сириската опозиција, додека САД, Велика Британија и Франција одбиваат да учествуваа поради, како што велат, сирискиот претседател Башар ал-Асад недоволно се ангажира.

Западот поддржува посебни мировни разговори под посредство на ОН, кои не успеваат да стават крај на војната. Последните вакви разговори се одржаа минатата недела во Виена.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната конференција во Сочи ја прочита изјавата на претседателот Владимир Путин дека се созреани условите Сирија да ја заврти оваа „трагична страница“ во својата историја. Дел од учесниците го прекинуваа, обвинувајќи ја Русија дека убива цивили во Сирија со воздушните напади. Подоцнежната пленарна расправа била одложена, поради тоа што учесниците не можеле да се согласат кој да претседава.

Друга група делегати, меѓу кои имало и претставници на вооружената опозиција, кои допатуваа од Турција, одбија да го напуштат аеродромот во Сочи додека не се тргнат знамињата и симболите на Сирија, кои тие ги сметаат за навредливи.

На конгресот присуствуваа владини делегации од Турција и од Иран, како и посредникот на ОН за Сирија, Стафан ден Мистура.