МНР: Соопштувањето на крајни позиции може да го намали просторот за разговори

Министерство за надворешни работи во Скопје.

Јавното соопштување крајни позиции може да го намали просторот за разговори, соопштуваат од Министерството за надворешни работи во пресрет на утрешната посета на Македонија на медијаторот Метју Нимиц.

„Од наша страна има добра волја за заемно прифатливо решение кое ќе ги почитува интересите, достоинството и идентитетот на двата народа. За да дојдеме до решение ќе биде нужна добра волја и од другата страна“, велат од кабинетот на Димитров.

Реакцијата на македонското МНР доаѓа по синоќешното гостување на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на државната телевизија ЕРТ, во кое најави дека Грција во февруари ќе и достави на Македонија спогодба во четири точки, што според Атина треба да биде основата за решавање на прашањето за името и отворање на патот на Македонија кон НАТО и ЕУ.