УСАИД покренува Програма за поддршка на медиумите на Балканот

Во Сараево денеска ќе се одржи свеченост на која Aмериканската агенцијата за меѓународен развој, УСАИД, ќе презентира заедничка програма за помош на медиумите на Балканот, во чиј фокус ќе биде ставен развојот на онлајн медиумите во БиХ, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Амбасадорката на САД во БиХ, Маурин Кормак ќе одржи говор за витална важност на слободата на печатот и тековната поддршка на американската Влада за развој на медиумите во БиХ и регионот. Тригодишната програма во вредност од седум милиони долари ќе им овозможи на медиумите во Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија да станат поконкурентни на локалните и регионалните пазари и ќе ја зајакне одржливоста на независните медиуми ширум регионот.