Во Кривичниот суд пристигнаа првите барања за амнестија

Архива: Основен суд Скопје 1.

Во Кривичниот суд денеска пристигнаа меѓу 50 и 100 барања по кои Судот ќе одлучува согласно Законот за амнестија, информира претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев на денешен брифинг со новинарите, наведувајќи дека се очекува да пристигнат околу 1.500 барања за амнестија, од кои 500 за целосно ослободување на осудени лица, а останатите 1.000 за делумна амнестија.

Во Судот веќе се формирани повеќе кривични совети кои ќе одлучуваат по барањата за амнестија, вели Џолев, истакнувајќи дека се надева оти Судот ќе одговори во предвидениот рок од пет дена. Одлуките судот треба да ги испрати до Министерството за правда, а оттаму до Управата за извршување санкции.