Тилерсон на средба со Дриан за иранскиот нуклеарен договор

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се среќава со францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дриан во услови кога неговата администрација продолжува со напорите да ги убеди европските сојузници да се справат со недостатоците од нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили.

Пред средбата во Париз за време на турнејата на Тилерсон низ Европа, Ле Дриан инсистираше дека потписниците на нуклеарниот договор од 2015 година мора да стојат на својот збор. По средбата со британските власти во Лондон, Тилерсон изрази претпазлив оптимизам за добивањето поддршка од Европа.