Средба меѓу Димитров и Могерини во Брисел

Архива: Министерот за надворешни работи Никола Димитров и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини.

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска во Брисел се сретна со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската унија Федерика Могерини, на која разговарале за европската иднина на Македонија.

„Најголемата патриотска должност на нашата генерација е да успееме да го фатиме возот за ЕУ и да обезбедиме европската иднина, стабилност и просперитет на македонските граѓани“, напиша Димитров на Твитер.

За време работна посета на Брисел предвидено е Димитров да има средби и со претставници од кабинетот на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, како и со европратеници.