Одложени рочиштата за предметите „Шпион“ и „Труст“

Основен суд Скопје 1

Денешното рочиште за предметот на СЈО „Шпион“ е одложено за 5 март поради отсуство на докази од предметот кои биле на разгледување во друг суд, на еден од обвинетите и двајца адвокати.Ова е прво судење за „Шпион“ на новоименуваниот судија во предметот Владимир Туфеѓиќ.

Во „Шпион“ меѓу обвинетите 18 лица се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање Александар Диневски.

Во Кривичниот суд денеска се одржа и рочиште за предметот на СЈО „Труст“ на кое беше сослушано вештото лице Радомир Цветановски. Поради закажано друго судење во истата судница, судијката Лидија Зимбова го прекина сослушувањето на вештакот и закажа друго рочиште на 30 јануари