Ирански парламентарци ќе добијат пристап до притворените демонстранти

Протести пред затворот Евин во Техеран

Иранските медиуми известуваат дека на пратениците ќе им биде дозволен пристап до затворениците кои беа притворени за време на протестите против владата кои се одржуваа од почетокот на декември минатата година. Хасан Норузи, портпарол на парламентарната судска комисија, за новинска агенција ИСНА, изјави "Нашето барање беше одобрено денеска". Во извештајот се вели дека посетата ќе се одржат на 28 јануари и дека само мала група членови на комитетот ќе добие пристап до затворениците во затворот Евин во Техеран. Аллахјар Малексхахи, претседател на судскиот комитет, изјави за новинската агенција дека очекува околу 10 пратеници да добијат пристап како дел од групата. Посетите ќе бидат први од ваков вид откако започнаа протестите на 28 декември. Иранскиот пратеник за реформи, Махмуд Садеги, рече дека околу 3.700 луѓе биле уапсени низ целата земја за време на повеќе неделните протести - кои беа предизвикани од незадоволство од економијата и официјалната корупција, но ескалираа во анти владини протести. Иранскиот парламент на 7-ми јануари објави дека дел од демонстрантите, особено студентите, треба да бидат ослободени, додека лидерите на протестите ќе бидат казнети.