Пучдемон слета во Данска и покрај заканите за апсење

Поранешниот лидер на Каталонија Карлес Пучдемон пристигна на аеродромот во Копенхаген.

Шпанскиот државен обвинител вели дека побарал од Врховниот суд да издаде европска потерница за апсење на поранешниот лидер на Каталонија, од страна на властите во Данска. Потегот следи откако авионот на Карлес Пучдемон денеска слета на аеродромот во Копенхаген.

Патувањето на Пучдемон е прво надвор од Белгија откако е во земјата да избегне судска покана во Шпанија за неговата улога во неуспешната сецесија во октомври, предводена од неговата влада.

Канцеларијата на шпанскиот обвинител на 21 јануари соопшти дека влегувањето на Пучдемон во Данска е планирано, со што „веднаш ќе побара“ шпанскиот Врховен суд да издаде европска потерница за апсење. Шпанија во ноември издаде европска потерница за апсење, но ја повлече после еден месец.

Партиите кои се залагаат за независност освоија апсолутно мнозинство на предвремените регионални избори во декември. Пучдемон се обидува повторно да се врати како претседател на Каталонија велејќи дека сака да го води регионот од егзил за да избегне апсење во Шпанија. Мадрид вели дека тоа ќе биде незаконско.