Најмалку шест цивили загинаа во нападот врз хотел во Кабул

Напад врз хотелот Интерконтинентал во Кабул

Најмалку шест цивили загинаа при нападот на хотелот Интерконтинентал во Кабул од страна на талибанците. Меѓу убиените има и еден странец. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот, во кој се повредени и шест други луѓе, меѓу кои и тројца полицајци. Првично беше објавено дека четворица напаѓачи биле вклучени во нападот. Тие најверојатно влегле низ кујната по што почнале да пукаат кон гостите, а потоа почнала борбата со авганистанските специјални сили, соопштуваат безбедносните власти. По 12-часовна опсада на хотелот, тој е ослободен, соопштуваат од авганистанското Министерство за внатрешни работи.