Посредникот во спорот за разликите за името Метју Нимиц во интервју за телевизијата Сител објаснувајнувајќи го неговиот оптимизам за решение на проблемот во следните шест месеци вели декацелата ситуација сега е променета и дека надежно ова е подобра временска состојба од минатото.
“Атина излегува од економска криза, поуверени се и пробуваат да играат поголема улога во регионот. Во Скопје имаме нова Влада која се чини дека е посветена на решавање на проблемот” вели Нимиц.
Тој не сакаше коментира што содржи пакетот кој им го дал на претставниците на Македонија и на Грција, но вели дека со него идентитетот е безбеден.
“Мојот личен став е дека не навлегува во индентитетот, туку напротив го зацврстува и зајакнува идентитетот на државата и на народот. Од мојата комуникација со луѓето во вашата земја, сметам дека имаат многу силен идентитет, кој го поседувате многу години. Независни сте 25 години, но имавте идентитет и кога бевте дел од Југославија, имавте идентитет кога бевте дел од Кралството Србија и од Отоманската империја” вели Нимиц.
Посредникот вели и дека предлозите ги напишал на четири страници и ги дал на надлежните. Треба време за да размислат, потребни се 3-4 дена, потоа за разговор,вели Нимиц кој остава можност да ги посети двете земји во наредните десет дена.