Челик: Турција ќе отфрли понуда за партнерство со ЕУ

Архива: турскиот министер за европски прашања Омер Челик.

Турција ќе ја отфрли секоја понуда за партнерство со Европска унија, изјави денеска турскиот министер за европски прашања Омер Челик. Тој рече дека предлозите како што е привилегирано партнерство или нешто слично не ги разгледуваат сериозно, наведувајќи дека на Турција не може да и се понуди такво нешто. Челик додаде дека моменталната ситуација не и дава на Турција причина да се придржува до Договорот за мигрантите постигнат со ЕУ.

Пред две недели претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека настаните во Турција не дозволуваат прогрес во нејзините напори за членство во ЕУ, посочувајќи дека треба да се смени фокусот и ја спомна можноста за партнерство, што е помалку од полноправно членство.