Времето денеска: сончево и умерено облачно

Во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност. Повремено ќе има појава на умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде под нулата, а дневната ќе се движи од 1 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со темепература до 9 степени.