Реформите на прислушувањето поминаа во прво читање во Собранието

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Собранието со 64 гласа „за“ ги усвои предложените законски измени од сферата на внатрешни работи во прво читање и ги даде на понатамошна работа, oдносно на второ читање.

Се работи за измените и доплнувањата на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција, како и за предлог-законите за Оперативно - техничка агенција (ОТА) и за следење на комуникациите.

Овие закони се еден од трите столба во реформскиот процес, кои го спроведува Владата во насока на исполнување на препораките на Прибе, заедно со реформите во правосудството и администрацијата.

ОТА се очекува да почне со работа од ноември 2018 година. МВР засега не соопштува каде ќе биде сместена ОТА, колку вработени ќе има, ниту да ги изнесат финансиските импликации за спроведувањето на овие реформи.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потенцира дека како влада се решени да се направат сериозни и ефикасни реформи во овој систем за комуикации кои, како што рече, пред се ќе придонесат зајакната контрола на сисмтемот на следење на комуникациите.