Столтенберг: НАТО ќе продoлжи да ја поддржува Македонија

Скопје: Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Повеќе од 15 години припадниците на вашите висококвалификувани армиски сили беа рамо до рамо со своите меѓународни учесници во мисиите на НАТО носејќи безбедност и стабилност во Авганистан, а во 2001 и 2002 НАТО даде значителен придонес во стабилноста на оваа земја, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неговото обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија.

„НАТО е најуспешната воена алијанса во историјата претставувајќи повеќе од половина од светската економска сила, половина од европската воена сила, вклучени сме во Западен Балкан во изминатите повеќе од две декади, бидејќи сакаме овој регион да биде безбеден, напреден и слободен, затоа што сакаме оваа земја да биде безбедна, просперитетна и слободна“, рече Столтенберг.

Тој рече дека силно го поздравува продолжувањето на Македонија на патот кон НАТО и ЕУ, дека во НАТО Македонија има вистински пријател кој сака земјата да успее, но дека има уште работа за решавање на прашањето на името, поздравувајќи ја Владата и нејзините напори да го реши прашањето.

Столтенберг исто така истакна дека сите пријатели на Македонија во НАТО ја поддржуваат земјата во нејзините напори, но дека никој од нив не го зема успехот здраво за готово. Тој рече дека настаните од април минатата година во Собранието претставувале шок за сите земји членки на НАТО, но и дека биле импресионирани и од напредокот што е направен од тој ден наваму, од напредокот во формирањето на создавањето на нова отворена поинклузивна политичка култура.