Украинскиот Парламент усвои закон за реинтеграција на Донбас

Мапа на Украина: Ситуацијата во борбената зона во Донбас. 17.01.2018

Украинскиот Парламент усвои закон со кој се регулира државната политика во областите на истокот кои ги контролираат сепаратистите поддржани од Русија. Законот поради кои се случуваа тензии и протести во земјата, денеска беше усвоен во украинското Собрание и тој сега треба да биде потпишан од претседателот Петро Порошенко чија партија го поддржа законот.

Законот ја означува Русија како „агресор“, а деловите од регионите Доњецк и Луганск кои се под контрола на сепаратистите, на пример Донбас, како „привремено окупирани територии“, слично како што претходно беше означен Полуостровот Крим кој Русија го зазема во 2014 година.