Столтенберг: Решение за спорот за името, па членство во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

НАТО ќе ја покани Македонија да се приклучи како негова земја членка, откако ќе се постигне взаемно прифатливо решение за спорот за името во рамките на ОН, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Тој во интервју за МИА истакнува дека позицијата на Алијансата останува непроменета, односно дека сите одлуки се донесуваат врз основа на консензус на сите сојузници. Столтенберг ги поздрави обновените преговори меѓу Македонија и Грција, но додаде дека не е во негова надлежност, решавањето на спорот за името.