Апелацискиот суд донесе одлука со која му го потврди притворот на пратеникот Крсто Муковски, односно како неосновани ги одби неговите жалби. Жалбите на пратеничката Жаклина Пешевска и на Борис Дамовски се на мислење во Вишото јавно обвинителство, а во Апелацискиот суд се уште нема стигнато предмет за пратеникот Љупчо Димовски, на кого му беше продолжен куќниот притвор.